• четврток, 04 декември 2025

Борис Џонсон: Британскиот интерес за Украина слабее, а тоа е тажно

Борис Џонсон: Британскиот интерес за Украина слабее, а тоа е тажно

Лондон, 21 јули 2025 (МИА) – Поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, изрази жалење поради, како што рече, „драстичниот пад на интересот“ на британската јавност за ситуацијата во Украина.

- Интересот и апетитот за Украина се толку ниски. Тоа ми изгледа прилично тажно. За мене, ова е приоритет број еден, изјави Џонсон за весникот „Телеграф“ на настан организиран за украински ветерани во амбасадата на Украина во Лондон.

На прашање дали Британија сè уште ја игра улогата на лидер по ова прашање, Џонсон рече дека „иако Лондон има важна улога, не е веќе водечкиот глас што беше“.

Во однос на можен политички камбек, Џонсон рече дека моментално не гледа начин да биде корисен во британската политика, но дека ќе продолжи да зборува за Украина. ссм/

фото: архива

Остани поврзан