• недела, 22 декември 2024

Борисов: Честитки за мудрата и одговорна одлука да го прифатите францускиот предлог

Борисов: Честитки за мудрата и одговорна одлука да го прифатите францускиот предлог
Софија, 16 јули 2022 (МИА) - Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упатуи честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Ова е процес, вели Борисов, кој е започнат уште во 2017 година кога беше потпишан Договорот за добрососедство и на преден план беше изведена заедничката историја меѓу двете земји. - За време на бугарското претседавање со ЕУ во 2018 година, ние бевме тие кои ја вративме темата за проширувањето на агендата на Европа. Отсекогаш верував дека интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ е клучна за мјирот, разбирањето и просперитетот, напиша Борисов во објавата на „Фејсбук“. нк/бак/  

Остани поврзан