• четврток, 26 декември 2024

Борел: Русија доживеа голем неуспех

Борел: Русија доживеа голем неуспех
Луксембург, 11 април 2022 (МИА) – Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека војната во Украина е голем неуспех за Русија. - Се обидоа да го заземат Киев и беа одбиени. Сега го напуштија Киев, гледаат дека е невозможно да се заземе главниот град, рече Борел на прес-конференција во Луксембург. - Ги прегрупираат своите трупи на исток и Украинците се убедени дека ќе започнат голема офанзива во Донбас во близина на нивните логистички бази, рече тој. Борел, исто така, ја карактеризира инвазијата како „хорор“. - Она што го остави руската армија зад себе се убиени цивили, уништени градови, неселективно бомбардирање, како она што го гледаме на железничката станица (во Краматорск). Многу сме загрижени за човечките последици од оваа војна, додаде тој. Зборувајќи за новите санкции, Борел изјави дека ништо не е исклучено, па ни нафтата, ниту гасот, но дека сè уште не е донесена одлука за тоа. - Лесно е да им се каже на некои земји-членки кои не користат руски гас дека се подготвени да не користат руски гас, но за другите земји-членки кои се многу зависни од рускиот гас, тоа не е така лесно, рече тој. јт/

Остани поврзан