• понеделник, 23 декември 2024

Борел: Какво и да биде решението за Косово, тоа е услов за членството во ЕУ

Борел: Какво и да биде решението за Косово, тоа е услов за членството во ЕУ
Белград, 12 октомври 2020 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел денеска изјави дека Унијата не пропишува ништо „како решение за конфликтот Белград-Приштина“, но какво и да е решението, тоа е неопходен услов за напредок кон членството во Унијата. Борел ова го изјави давајќи збирен извештај за заклучоците на министрите за надворешни работи на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, за што во Луксембург извештај даде специјалниот претставник Мирослав Лајчак. „Тоа е сложен процес, тој дијалог, воопшто не е лесен, има емоции, но тој продолжува ... и двете страни покажаа подготвеност да го подобрат дијалогот, и покрај мачните, сложени прашања“, кажа Борел. -Јас лично сметам дека постигнувањето конечен договор во дијалогот е прашање на месеци, а не на години, под услов и двете страни да дејствуваат конструктивно, а ние не пропишуваме, туку само посредуваме и не сакаме вештачки да го забрзаме или попречиме спроведувањето на веќе потпишаните договори и оние кои треба да бидат решени, кажа Борел така одговорајќи на прашањето на новинарите дали е точен заклучок дека дијалогот е во застој затоа што двете страни не можат да се договорат за темите на преговорите и како министрите гледаат на барањето на српскиот претседател Александар Вучиќ јасно да се каже дали на Србија и се отвораат вратите на членството во Унијата, ако Србија треба да донесе некои „далекусежни одлуки во врска со Косово“, како што изјави Лајчак пред седницата. Високиот претставник на ЕУ кажа дека и српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти ја нагласиле нивната посветеност кон европската интеграција и „тие знаат дека какво и да е решението за конфликтот Белград-Приштина, тоа е неопходен услов за напредок кон ЕУ“. Лајчак ги информираше шефовите на дипломатиите на Унијата за развојот на дијалогот и тие му дадоа целосна поддршка за продолжување на посредувањето меѓу двете страни. Министрите ја истакнаа решеноста на ЕУ да го заврши успешно дијалогот и побараа од Белград и Приштина да преговараат „со добра волја и во духот на компромис“, изјави Борел, нагласувајќи дека „успехот на дијалогот е клучен за стабилноста на регионот и на самата ЕУ“. Високиот претставник на ЕУ изјави дека е „добро познато“ да има само еден дијалог со посредство на Унијата и дека сите иницијативи што помагаат се добредојдени. -Ја поздравуваме улогата на САД како важен партнер, но тој што е посредник и го води овој дијалог е ЕУ, порача Борел, истакнувајќи дека земјите кои сакаат да станат членки на Унијата мора да ги исполнат условите за добрососедски односи и регионална соработка. Тој заклучи дека секој кандидат за членство тоа ќе го постигне врз основа на своите заслуги. об/сд/

Остани поврзан