• среда, 15 мај 2024

Борел го поздрави продолжувањето на мандатот на ЕУФОР-Алтеа во БиХ 

Борел го поздрави продолжувањето на мандатот на ЕУФОР-Алтеа во БиХ 

Брисел, 3 ноември 2023 (МИА) - Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел во објава на платформата Икс го поздрави продолжувањето на мандатот Воена мисија на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР-Алтеа) од страна на Советот за безбедност на ОН. 

- Го поздравувам денешното едногласно продолжување на мандатот на ЕУРОФОР-Алтеа од страна на Советот за безбедност на ОН, како признание за нејзиниот придонес за стабилноста и безбедноста на БиХ, наведе Борел во објавата. 

Според Борел, ЕУ останува недвосмислено посветена на европската перспектива на БиХ како единствена, обединета и суверена земја. 

Советот за безбедност на ОН синоќа едногласни го продолжи мандатот на ЕУФОР-Алтеа за уште една година, со оценка дека Мисијата дава значаен придонес за мирот во Босна и Херцеговина и игра клучна улога во стабилизирањето на состојбата во регионот. 

Американскиот претставник на седницата Роберт Вуд изрази загриженост поради реторика и активностите на „официјални лица кои го поткопуваат Дејтонскиот договор и уставната структура на земјата, владеењето на правото, стабилноста и територијалниот интегритет“.  

Русија ја блокираше нацрт-резолуцијата во ОН за Либија одвивајќи го зборот „платеник“ во текстот, со што е малку веројатно дека Советот за безбедност ќе гласа до крајот на оваа недела.

- Меѓународната заедница мора да работи заедно за да се спротивстави на дестабилизирачките и опасните напори на Народното собрание на Република Српска и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, за загрозување на основните слободи и владеењето на правото, рече Вуд.  

Според него, САД целосно ја поддржуваат интеграцијата на БиХ во трансатлантската заедница и нејзиниот пат кон членство во Европската Унија. 

Рускиот претставник Василиј Небензија изрази загриженост поради „влошувањето на внатрешната политичка криза во Босна и Херцеговина, поради ескалацијата на меѓуетничките судири“.  

- Постконфликтната резолуција, за која Советот се состанува за да расправа двапати годишно, е во ќорсокак, поради насочените напори на Западот да ги оствари своите тесни геополитички интереси, изјави Небензија, додавајќи дека ваквите западни интереси ги довеле под закана клучните основни принципи на Дејтонскиот договор. 

Според него, постои загриженост поради обиди за замена на Дејтонскиот договор со „евроатлантска интеграција“, со што земјата се турка кон НАТО „спротивно на желбата на нејзините народи“ и со тоа се поткопуваат столбовите на државноста на Босна и Херцеговина. сп/

Фото: Икс/МИА Архива

Остани поврзан