• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Борел: Време е да почне да се имплементира договорот меѓу Белград и Приштина

Борел: Време е да почне да се имплементира договорот меѓу Белград и Приштина

Брисел, 14 септември 2023 (МИА) – Време е сериозно да почне спроведување на Договорот на патот кон нормализација, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел во Брисел, каде што се одржува средба на високо ниво во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

- Денеска ќе видиме дали се подготвени да преземат одговорност, напиша Борел на платформата Х.

Тој информира дека е домаќин на српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Албин Курти на средба на високо ниво како дел од дијалогот во Брисел.

По одвоените средби, околу 11 часот и 30 минути почна трилатералната средба на претставниците на Белград и Приштина со претставниците на Европската унија во рамките на новата рунда дијалог. јт/

Остани поврзан