• вторник, 24 декември 2024

Болтон: Доколку победи, Трамп ќе ги казнува своите непријатели

Болтон: Доколку победи, Трамп ќе ги казнува своите непријатели

Вашингтон, 30 јануари 2024 (МИА) - Поранешниот советник за национална безбедност во Белата куќа, Џон Болтон, го осуди поранешниот американски претседател Доналд Трамп, во чиј мандат тој беше на функцијата, како целосно себична личност и оцени дека доколку победи на претстојните избори тој би можел да го искористи својот втор мандат за да ги казни личните непријатели и да ги смири противниците на Русија и Кина.

„Трамп не е способен да биде претседател“, напиша Болтон во предговорот на своите мемоари „Собата каде што се случи“, во кои тој зборува за 17-те месеци што ги минал како советник на Трамп за национална безбедност, пренесуваат британските медиуми.

Болтон смета дека Трамп нема политичка филозофија или кохерентна политика, а најострите критики кон него ги упати кога говореше за надворешната политика оценувајќи го како „изолационистички вирус“ што се провлекува низ Републиканската партија. 

Доколку биде реизбран, како што пишува Болтон, Трамп може да доведе до повлекување на САД од НАТО, но и до прекин на поддршката за Украина, додека неговата политика кон Кина би можела да го поттикне Пекинг да го блокира Тајван. 

„Ако неговите први четири години беа лоши, следните четири ќе бидат уште полоши“, заклучи Болтон. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан