• недела, 22 декември 2024

Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд на Бразил

Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд на Бразил

Бразилија, 21 јуни 2023 (МИА) - Поранешниот претседател на Бразил Жаир Болсонаро утре ќе се појави пред Врховниот суд во Бразилија.

Тој е обвинет дека ја злоупотребил својата положба кога поканил странски амбасадори во Бразил и изнесувал неосновани тврдења за закани за гласачкиот систем.

Доколку Болсонаро го загуби случајот пред Врховниот суд, би можела да му биде забранета политичка активност и да се кандидира за политичка функција до 2030 година.

Против Болсонаро се покренати повеќе кривични истраги, кои би можеле да завршат со судски постапки и изрекување затворска казна.

Адвокатот на Болсонаро рече дека доколку судот го прогласи неговиот клиент за виновен, ќе следи жалба и додаде дека доказите против поранешниот претседател се „слаби“. мс/сд/

фото: МИА архива

Остани поврзан