• понеделник, 23 декември 2024

Болсонаро и покрај казните повторно не носи маска

Болсонаро и покрај казните повторно не носи маска
Бразилија, 9 авгсут 2021 (МИА) - Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро вчера учествуваше на митинг со мотоцикли, возејќи без маска низ главниот град на Бразил, Бразилија. Стотици поддржувачи му се придружија на возењето низ главниот град и околината и повеќето исто така не носеа маски. Болсонаро во саботата одржа митинг со илјадници учесници во јужниот бразилски град Флоријанополис, на кој исто така не се носеа маски. Болсонаро годинава двапати беше казнет за неносење маска. Првиот пат во мај во бразилската сојузна држава Маранхао и во јуни на голем собир на мотоцикли во Сао Паоло. Двете сојузни држави се предводени од противниците на Болсонаро. Претседателот на Бразил, кој минатата година беше инфициран со Ковид-19, од почетокот на пандемијата постојано зборува против употребата на маски и други мерки за спречување на ширењето на вирусот. ми/

Остани поврзан