• сабота, 14 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Болоња со голем исчекор кон финалето на италијанскиот куп

Болоња со голем исчекор кон финалето на италијанскиот куп

Емполи, 2 април 2025 (МИА) – Болоња синоќа го совлада Емполи на гостински терен со убедливи 3:0 во првиот натпревар од полуфиналето на фудбалскиот Куп на Италија.

Головите ги постигнаа Рикардо Орсолини и Теис Далинга (два). Ден Ндоје креираше две асистенции.

Реваншот ќе се одигра на 24 април на теренот на Болоња.

Во другата полуфинална пресметка ќе се соочат Милан и Интер (2 и 23 април). зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан