• сабота, 21 декември 2024

Болница Кавадарци: За првпат бесплатен пренатален скрининг за сите трудници 

Болница Кавадарци: За првпат бесплатен пренатален скрининг за сите трудници 

Кавадарци, 8 декември 2024 (МИА) - Бесплатен пренатален скрининг за сите трудници, за првпат ќе се изведува во биохемиската лабораторија  при Општа болница со проширена дејност во Кавадарци, информираат од оваа јавна здравствена установа. 

- Станува збор за лабораториски испитувања што се користат за BENETEH PRO пренатален скрининг. Скрининг за следење на состојбата на плодот кај бремените жени, што ќе биде целосно бесплатен и достапен за сите трудници од Кавадарци и регионот, соопштуваат од Болницата. 

Оттаму додаваат дека скринингот се прави во прв и втор триместар. 

- Тоа ќе им овозможи на сите бремени жени да дознаат повеќе за здравјето на нивното неродено бебе, без било каков ризик, едноставно и лесно, со земање примерок крв од вена и ехо преглед кај гинеколог, појаснуваат од здравствената установа. 

Притоа нагласуваат дека со ова, пациентките се поштедени од дополнителни трошоци. свд/дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан