• четврток, 10 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Бока: Европската Унија се наоѓа пред нова ера, потребни се промени за адаптација на новата реалност

Бока: Европската Унија се наоѓа пред нова ера, потребни се промени за адаптација на новата реалност

Скопје, 10 април 2025 (МИА) - Министерот за европски прашања на Унгарија, Јанош Бока, кој е во посета на Северна Македонија, денеска на предавање на Универзитетот Скопје, истакна дека Европската Унија се наоѓа пред нова ера и потребни се промени за адаптација на новата реалност. Соочувајќи се со предизвиците на нивното претседателство со Европскиот Совет, Бока нагласи дека е неопходно да се презентираат и дискутираат алтернативи. 

- Главните предизвици се безбедноста, компетитивноста и миграциите, за кои се потребни иновативни решенија. Европските институции сѐ повеќе се гледаат како политички актери, а предизвиците стануваат егзистенцијални и политички, рече тој.

Европските институции сѐ повеќе гледаат на себе си како политички актери, рече Бока, а предизвиците стануваат егзистенцијални и политички. Европската Унија е политизирана, мора да прифатиме политичките одлуки и дебати во ЕУ и мора да научиме како да ги спроведеме овие дебати, мора да најдеме начин како да станеме поинклузивни и да направиме место да го прошириме тие дебати, рече тој.

Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков посочи дека врвен приоритет на државата е реализацијата на европската агенда и имплементацијата на реформите.

- Унијата од нас очекува конкретни резултати, а за да ги исполниме нашите задачи и да станеме час-поскоро дел од европското семејство, мораме да го вложиме нашиот целокупен човечки и институционален потенцијал, подвлече Трајков.

Таа упати благодарност до министерот Бока за помошта преку унгарскиот кредит, со кој што се помага во развојот на општините и компаниите.

Според поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски, проширувањето ќе придонесе кон зајакнување на Европската Унија. 

- Благодарение на различните идеолошки патеки, ЕУ тргна по друг пат, затоа е намалена популарноста на Европската Унија. Предизвиците кои Европа ги има на политичко и економско ниво растат, миграциите се исто така дискусија која Европа не е подготвена да ги поднесе. Она што треба да се направи е да се подобри демократијата, Европа да се справи со предизвиците со безбедноста, посочи тој, дополнувајќи дека тоа се прашања што треба да се одговорат најпрво од земјите членки.

Поздравно обраќање имаше и ректорот на Универзитетот Скопје, Аце Миленковски според кого, Европа може да „биде повторно голема“ со дела. ар/бак/

Фото: Универзитет Скопје

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан