• понеделник, 23 декември 2024

„Боинг“ ќе се изјасни за виновен за две авионски несреќи

„Боинг“ ќе се изјасни за виновен за две авионски несреќи

Вашингтон, 8 јули 2024 (МИА) – Американската авионска компанија „Боинг“ (Boeing) ќе признае вина за злосторничко здружување и ќе плати 243 милиони долари казна поради две авионски несреќи што се случија во 2018 и во 2019 година.

Тие се случија во Индонезија и во Етиопија, при што вкупно загинаа 346 луѓе. Причини за несреќите се технички дефекти на новите модели на авиони 737 МАКС.

Како дел од спогодбата, „Боинг“ ќе треба да инвестира најмалку 455 милиони долари во безбедносни подобрувања во следните три години.

Истрагата ја спроведе американското Министерство за правда. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан