• петок, 05 декември 2025

Боемска вечер во Кавадарци

Боемска вечер во Кавадарци

Кавадарци, 13 август 2025 (МИА) - Во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“, вечерва во Винскиот музеј за регионот Тиквеш ќе се одржи боемска вечер.

Настанот е во организација на Здружението за промоција на грозјето, производите од грозје и винскиот туризам „Винотек“, со поддршка од кавадаречката локална самоуправа.

-Ги спојуваме виното, храната, уметноста, музиката, сликарството, поезијата и забавата, истакнаа организаторите.

Во рамките на боемската вечер во градскиот парк во Кавадарци, што важи за еден од најубавите во државата, посетителите ќе уживаат во многубројни културно - забавни содржини. свс/дма/


Фото : Фејсбук  плакат за настан 

Остани поврзан