Богојески: ЗНМ да се извини за крајно манипулативниот и тенденциозен текст или ќе бидам приморан да покренам постапка за клевета
- СООПШТЕНИЕ -
Скопје, 27 мај 2025
Почитувани, од ЗНМ е објавен крајно манипулативен и тенденциозен текст како реакција за наводно навредени новинари од моја страна!
Барам ЗНМ јавно да прецизира за кои новинари станува збор, кој им доделил статус на новинари и како констатирале “навреда кон новинари”.
Дополнително да објасни зошто не побарале изјава од мене пред било каква реакција по било која тема поврзана со мене, што е основна новинарска практика и етика!
Доволно е да се извини за сторената клевета, без да има правни последици!
Доколку не е прецизирано кои се “навредените новинари”, кон кого е сторено делото навреда, ќе бидам приморан за прв пат да покренам постапка за клевета против новинарско здружение и одговорни лица во истото.
Немам пракса за било какви тужби кон новинари, иако сум најклеветениот политичар во земјава, секогаш давам поддршка за слобода на говор и изразување, особено на новинарите, но овој пат веќе сум приморан да посегнам по правни механизми.
Однапред благодарам,
Петар Богојески, претседател на Македонски концепт
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото МИА архива