• сабота, 21 декември 2024

Богоев: СДСМ јасно кажува дека е на страната на ЕУ

Богоев: СДСМ јасно кажува дека е на страната на ЕУ

Скопје, 18 март 2024

„СДСМ е на вистинската страна, страна којашто е прогресивна, страна којашто води кон Европската Унија, кон напредок, кон повисоки плати, пензии, нови патишта, болници, училишта. Со ВМРО ДПМНЕ раководи третиот ешалон од времето на Никола Груевски, кој државата единствено може да ја однесе во ќор-сокак и во изолација“, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во вечерашното интервју на емисијата Анализа на ТВ 24.

Богоев информираше дека СДСМ на Конгрес во сабота ќе одлучува за кандидатите за пратеници и носителите на листи. При тоа ќе се води сметка за рејтингот, кредибилитетот и реномето на личностите, а секако ќе се внимава и на родовата и регионалната застапеност. 

„Ние имаме јасна визија за иднината на државата и отворено ја кажуваме. Ние донесовме тешки одлуки, но тие одлуки беа за повисока цел. Благодарение на тоа нашата држава сега е рамноправна членка на НАТО, а ние не се плашиме да кажеме дека нашата идеја е членство во Европската Унија. За разлика од Мицкоски кој вели дека ни за 100 години нема да влеземе во ЕУ, ние сакаме Македонија да стане дел од тоа друштво кое носи повисоки плати и пензии, подобро здравство, поквалитетно образование“, рече Богоев. 

Говорејќи за предизборните анкети, Богоев истакна дека ВМРО ДПМНЕ повторно го „прави истиот филм“ како во 2020 година кога СДСМ победи на парламентарните избори и ја формираше владата. 

„ВМРО ДПМНЕ се расфрла со анкети и бројки на освоени пратенички мандати, но не кажуваат што ќе прават доколку дојдат на власт. Погледнете ги нивните носители на листи и ќе видите дека тие не нудат ништо ново. Ако го анализирате малку подлабоко однесување на ВМРО ДМПНЕ, ќе видите дека тоа е бледа копија на владеењето и на реториката на Никола Груевски. Во тоа време овие луѓе беа трет ешалон, приучиле нешто и сега сакаат истото тоа да го вратат на сцена.“ 

„Да не биде со Гордана Силјановска како што се случи на последните локални избори во Скопје? Да не биде Силјановска кукавичко јајце како што беше Арсовска. Пред избори ветуваа бесплатен превоз, а сега велат Данела не е со нас. Да не биде исто со Силјановска, да не биде исто со уставните измени“, порача Богоев.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан