• петок, 21 февруари 2025

Богдановиќ надвор од теренот до крајот на НБА сезоната

Богдановиќ надвор од теренот до крајот на НБА сезоната


Њујорк, 19 февруари 2025 (МИА) – Хрватскиот кошаркар на НБА лигашот Бруклин, Бојан Богдановиќ, поради повреда на стапалото ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Богдановиќ ќе мора да биде опериран поради повреда на стапалото и ќе го пропушти остатокот од сезоната, објави денеска познатиот инсајдер на НБА и новинар на ЕСПН, Шамс Чаранија.
Хрватскиот крилен напаѓач го одигра својот последен натпревар на 28 април минатата година, додека сè уште беше член на Њујорк, пред да биде подложен на првична операција на левото стапало.
Богдановиќ последните 11 сезони ги помина во НБА, играјќи за Бруклин, Вашингтон, Индијана, Јута, Детроит и Њујорк Никс.
Хрватскиот кошаркар во досегашната НБА кариера има просек од 15,6 поени по натпревар. ег
ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан