• петок, 22 ноември 2024

Богатиновски се враќа на картинг-трките

Богатиновски се враќа на картинг-трките
Скопје, 3 септември 2020 (МИА) - Македонскиот картинг-шампион во класата до 10 години, Петар Богатиновски, повторно е на картинг-патеките. По големата пауза поради ковид-кризата, на 5 септември, в сабота, ќе се трка на патеката „Ада Хуја“ во Белград. Оваа трка ќе се бодува за Централноевропската зона. Петар ќе настапи во класа 2 ротакс мини макс која е за натпреварувачи од 10 до 12 години. Богатиновски досега настапуваше во класа 1, која е за учесници до 10 години. Петар Богатиновски е и двократен шампион на Србија во 2017 и 2018 година, a 2018 е европски вицешампион во неговата категорија. Ова е четврта трка годинава, но за Македонецот ќе биде прв настап поради пандемијата. зс/

Остани поврзан