Блокиран сообраќајот на патот Гостивар-Маврово кај национален парк „Бунец“
- Сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово кај национален парк Бунец е блокиран од 10:00 часот.

Скопје, 8 јуни 2023 (МИА) - Сообраќајот на патниот правец Гостивар-Маврово кај национален парк Бунец е блокиран од 10:00 часот.
Како што соопшти АМСМ, сообраќајот е блокиран поради јавен собир на околу 100 жители од село Горна Река. дма/са/
Фото: МИА архива