• четврток, 30 јануари 2025

Блокадата на белградска Автокоманда сè уште трае

Блокадата на белградска Автокоманда сè уште трае

Белград, 28 јануари 2025 (МИА) – Српските студенти ја продолжија целодневната блокада на белградската населба Автокоманда за која претходно беше најавено дека ќе заврши утрово во 10 часот.

Во Автокоманда утрово има значително помалку студенти од вчера и тие ја продолжуваат блокадата, некои со гитари и музика, додека жителите од околните згради им носат кафе и чај.

Во текот на ноќта групи граѓани дојдоа во Автокоманда да им изразат поддршка на студентите, меѓу кои и група таксисти.

Студентите кои од вчера ја блокираат Автокоманда се менуваа во групи, го поминуваа времето играјќи друштвени игри, одбојка, кошарка, тенис и подготвувајќи храна. Немаше никакви инциденти. Сообраќајната полиција продолжува да ги обезбедува сите приоди кон Автокоманда.

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа соопшти дека се исполнети сите четири барања на студентите во блокадата, со детали за тоа што е исполнето, а премиерот Милош Вучиќ ги покани сите декани, ректори, универзитетски професори и претставници на студентите на средба на која ќе се разговара за сите важни теми за целата заедница и за нив. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан