• четврток, 21 ноември 2024

Блинкен: Ја поздравуваме одлуката на Собранието

Блинкен: Ја поздравуваме одлуката на Собранието
Вашингтон, 16 јули 2022 (МИА) - Соединетите Американски Држави ја поздравуваат одлуката на Собранието на Северна Македонија да ги преземе следните чекори за пристапниот пат кон ЕУ, пишува државниот секретар на САД, Ентони Блинкен во писмена изјава. -Ги препознаваме тешките размени направени во овој компромис, што го признава и почитува културниот идентитет на Северна Македонија и македонскиот јазик, се вели во изјавата. Блинкен додава дека оваа одлука доаѓа во критичен момент за Северна Македонија, Западен Балкан и Европа. -Европската Унија која го вклучува целиот Западен Балкан, вклучително и Албанија и Северна Македонија, ќе биде посилна и попросперитетна. Сега е време да се изгради моментум и да се работи на следните чекори, додава тој. ки/бак/  

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан