• понеделник, 10 февруари 2025

Блинкен уверен за спроведувањето на примирјето во Газа дека ќе започне в недела

Блинкен уверен за спроведувањето на примирјето во Газа дека ќе започне в недела

Вашингтон, 16 јануари 2025 (МИА)  -  Американскиот државен секретар Антони Блинкен изрази уверување дека спроведувањето на прекинот на огнот во Газа ќе започне в недела, откако Израел го одложи гласањето во владата и го обвини Хамас за отстапување.

„Уверен сум и целосно очекувам дека имплементацијата ќе започне, како што рековме, в недела“, рече Блинкен на прошталната прес-конференција одржана денеска.

Блинкен рече дека тој и други претставници на администрацијата на претседателот Џо Бајден, која завршува в понеделник, телефонски разгопварале за да се обидат да ги решат прашањата во примирјето објавено во средата преку посредникот Катар.

„Не е баш изненадувачки што во еден процес, во преговори, кој беше толку предизвикувачки и полн, може да добиете лабав крај. Ние го врзуваме тој лабав крај додека зборуваме“, рече Блинкен. зш/

Остани поврзан