• петок, 22 ноември 2024

Блинкен пристигна во Лаос на разговори со партнери од Југоисточна Азија

Блинкен пристигна во Лаос на разговори со партнери од Југоисточна Азија

Виентиан, 27 јули 2024 (МИА) - Шефот на американската дипломатија Ентони Блинкен утринава пристигна во Лаос и ја започна новата турнеја низ Азија, при што има намера да го реафирмира лидерството на САД наспроти зголеменото влијание на Кина.

Блинкен треба да присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН) во Виентиан, посветен на Мјанмар и тензиите во Јужното Кинеско Море.

Се очекува Блинкен да се сретне и со кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

Ова е 18-та турнеја на Блинкен низ Азија откако ја презеде функцијата пред повеќе од три години, што ја одразува конкуренцијата меѓу САД и Кина.

За време на турнејата, покрај Лаос, Блинкен ќе ги посети и Виетнам, Јапонија, Филипините, Сингапур и Монголија. паг/

Фото: МИА архива



 

 

Остани поврзан