Блинкен: НАТО е најдобра одбрана од војна
- Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел, истакна дека „секој агресор мора да знае дека ако нападне една земја на НАТО, ќе мора да се справи со сите други. Ова е најдобриот начин да се одвратат агресорите“
Брисел, 3 декември 2024 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, пред почетокот на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на Алијансата во Брисел, истакна дека „секој агресор мора да знае дека ако нападне една земја на НАТО, ќе мора да се справи со сите други. Ова е најдобриот начин да се одвратат агресорите“.
- Причината зошто толку многу земји инвестираат во Алијансата, а нови сакаат да се приклучат, е затоа што тоа е најдобрата одбрана од војна. Со влезот во НАТО, секој сојузник прифаќа дека нападот врз еден е напад врз сите, наведе Блинкен.
Според него, изминатите години зајакнат е сојузот, примени се нови членови и стекнати се нови способности.
- Ја споделуваме загриженоста за Украина, но уште повеќе сме решени да го обезбедиме она што им е потребно на Украинците за да се справат на бојното поле и да ги надминат последиците од нападите врз нивната енергетска мрежа, посочи Блинкен.
Тој додаде дека претседателот на Русија, Владимир Путин повторно се обидува да ја искористи зимата како оружје.
- Нема да дозволиме да ги остави Украинците во мрак и студ, наведе Блинкен. ми/
фото: ЕПА