• недела, 22 декември 2024

Блинкен и Борел во Вашингтон разговараа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу ЕУ и САД

Блинкен и Борел во Вашингтон разговараа за понатамошно зајакнување на партнерството меѓу ЕУ и САД

Брисел, 13 март 2024 (МИА) - Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска во Вашингтон имаше средба со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и со него разговараше за натамошното зајакнување на партнерството меѓу ЕУ и САД.
Покрај тоа, тие разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток, Украина, Хаити и Венецуела, како и за заедничките надворешни и безбедносни приоритети, објавено е на веб-страницата на Европската унија.
Борел ја нагласи потребата од поголема поддршка за Украина и ги пофали САД за испраќањето дополнителна воена помош во Киев.
Разговорите биле фокусирани и на напорите за постигнување „праведен и траен мир“, вклучувајќи ги и глобалните иницијативи како што е „украинската мировна формула“.
Борел потсети дека ЕУ досега на Украина и испорачала вкупно 138 милијарди евра воена помош.

Борел и Блинкен зборуваа и за ситуацијата во Појасот Газа, при што Борел ја истакна итната потреба од непречен пристап до хуманитарна помош, пред се по копнен пат.
Тие се согласија за потребата да се постигне траен прекин на огнот и да се ослободат сите заложници. зш/

Остани поврзан