• недела, 22 декември 2024

Блинкен: Заштитата на човековите права е во опасност низ целиот свет

Блинкен: Заштитата на човековите права е во опасност низ целиот свет
Вашингтон, 30 март 2021 (МИА) - Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, денеска предупреди дека човековите права се повеќе се прекршуваат низ целиот свет и вети дека ќе направи повеќе тие да се подобрат, истовремено изразувајќи загриженост за тоа што се случува во Кина и Мјанмар. -Трендовите за човековите права продолжуваат да се движат во погрешна насока, изјави Блинкин пред новинарите, презентирајќи го годишниот извештај на Стејт департментот. "Гледаме докази за ова во секој регион во светот. Гледаме во геноцидот врз Ујгурите и другите етнички и религиозни малцински групи во Синџијанг", додаде Блинкен. Тој ја обвини војската на Мјанмар за репресиите врз демонстрантите, кои бараат да се возобнови демократијата во земјата. -Најостро ги осудуваме овие и другите раширени прекршувања од безбедносните сили на Бурма, рече тој, користејќи го претходното име на Мјанмар. Во задскриената критика на пристапот на Трамп, Блинкен кажа дека администрацијата на претседателот Џо Бајден нема да ги штеди своите сојузници во овој поглед. -Администрацијата на Бајден-Харис ќе се спротивстави на кршењето на човековите права, без оглед дали сторителите се противници или партнери, рече Блинкен.сд/

Остани поврзан