• понеделник, 25 ноември 2024

Блинкен: Влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната ја прави ЕУ побезбедна и попросперитетна

Блинкен: Влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната ја прави ЕУ побезбедна и попросперитетна

Вашингтон, 5 април 2023 (МИА) - Пристапувањето на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната ја прави Европската унија побезбедна и попросперитетна, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Блинкен на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО разговараше со својот хрватски колега Гордан Грлиќ Радман.

„Денеска важна дискусија со хрватскиот министер за надворешни работи. Го поздравуваме пристапот на Хрватска во еврозоната и Шенген зоната, што промовира побезбедни граници на ЕУ и попросперитетна Европска унија“, напиша американскиот државен секретар на Твитер.

Пред почетокот на разговорите, Блинкен изјави дека доминантни теми на средбата ќе бидат клучната улога на Хрватска во интеграцијата на Западен Балкан со Европа и нејзиното растечко енергетско значење, како и помошта за Украина. паг/

 

 

Остани поврзан