• понеделник, 18 ноември 2024

Околу милион ипол денари за патна инфраструктура во демиркаписко Прждево

Околу милион ипол денари за патна инфраструктура во демиркаписко Прждево

Демир Капија, 17 август 2023 (МИА) - Околу милион ипол денари финансиска поддршка доби општина Демир Капија за патна инфраструктура во селото Прждево, информираше попладнево градоначалникот Лазар Петров.  

-Општина Демир Капија доби финансиска поддршка од страна на Министерството за транспорт и врски, преку Програмата за поддршка и имплементација на Декадата и Стратегијата за Ромите, за 2023 година. Проектот „Реконструкција на улица во село Прждево, крак 2 и крак 3, Општина Демир Капија“ ќе придонесе за поголем развој на ова село и создавање на соодветна патна инфраструктура, со што значително ќе се олесни пристапот и движењето по оваа улица, а ќе се зголеми и безбедноста за сите учесници во сообраќајот, соопшти Петров. 

Вкупната вредност на инвестицијата е 1.475.743 денари, од кои 912.677 денари се од Буџетот на Министерството за транспорт и врски, а останатите 563.066 денари од буџетот на Општината. Се очекува наскоро да се започне со работа и да се заврши до крајот на оваа година. свд/свс/

Фото: Фејсбук статус на градоначалникот Лазар Петрoв

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан