• четврток, 19 декември 2024

Близнаците Њокас нови ракометари на шампионот Вардар 1961

Близнаците Њокас нови ракометари на шампионот Вардар 1961
Скопје, 13 септември 2021 (МИА) – Француските интернационални и поранешни репрезентативци, близнаците Кевин и Оливие Њокас, се нови ракометари на Вардар 1961, соопшти вечерва македонскиот ракометен шампион. Во клупското соопштение се прецизира дека „веќе се завршени сите формалности околу нивниот настап и двајцата ракометари се пријавени за домашното првенство и Лигата на шампиони“. Левиот бек Оливие зад себе има 32 настапи за француската репрезентација, додека десниот бек Кевин Њокас националниот дрес го носеше на 41 натпревари. Обајцата имаат медали од големите европски и светски натпреварувања. ег/аа/

Остани поврзан