• петок, 05 декември 2025

Блескав пијано концерт на Гацева и Џорлева во Белград

Блескав пијано концерт на Гацева и Џорлева во Белград

Белград, 11 ноември 2025 (МИА) - Во преполната сала на Културниот центар на Белград, синоќа блеснаа со својата интерпретација македонските две реномирани пијанистки Ана Гацева и Татјана Џорлева.
Во едночасовната програма за четирирачно пијано, професорките Гацева и Џорлева одржаа вистински час за висока професионалност и исклучително сугестивна интерпретација на дела од Ерик Сати, Едвард Григ и Антонин Дворжак.
Долги аплаузи измамија со интерпретацијата на дело од македонскиот композитор Дамјан Темков, за што беа вратени на бис. 

Концертот го отвори директорот на нашиот КИЦ во Белград Васко Шутаров, а беше реализиран во партнерска соработка помеѓу македонскиот КИЦ и Културниот центар на град Белград. Проектот за гостување на проф. Ана Гацева и проф. Татјана Џорлева во Белград е поддржан од Министерството за култура и туризам.  зш/

Остани поврзан