• понеделник, 23 декември 2024

Би-Би-Си: Во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19

Би-Би-Си: Во 18 држави во светот нема заразени со Ковид-19
Лондон, 3 април 2020 (МИА) - Повеќе од еден милион случаи на заразени со Ковид-19 се пријавени досега во земји - од Непал до Никарагва. И како што се зголемува бројот на смртни случаи, а пациенти ги преплавуваат болниците, прашањето е - има ли место на земјата каде нема заразени од новиот коронавирус? Одговорот е, можеби изненадувачки, да, јави Би-Би-Си. Од 193 земји-членки на ОН, до 2 април 18 земји не пријавиле ниту еден случај на заразен со Ковид-19, јави Би-Би-Си, кои ги користат податоците од универзитетот Џонс Хопкинс. Тие 18 држави се: Комори, Кирибати, Лесото, Маршалски Острови, Микронезија, Науру, Северна Кореја, Палау, Самоа, Сао Томе и Принципе, Соломонски Острови, Јужен Судан, Таџикистан, Тонга, Туркменистан, Тувалу, Вануату и Јемен. зш/

Остани поврзан