• петок, 22 ноември 2024

Биљана Ивановска повторно директорка на кумановската општа болница

Биљана Ивановска повторно директорка на кумановската општа болница

Куманово, 8 ноември 2023 (МИА) - Психологот Биљана Ивановска е вратена на функцијата директор на кумановската општа болница. Во денешното соопштение до медиумите, Ивановска нагласува дека ќе се залага за реализација на проекти, набавка на современа апаратура, значајна и потребна  за пациентите од североисточниот регион.

- Професионално, чесно, одговорно и легитимно продолжувам на позиција менаџер на ЈЗУ општа болница Куманово. Животот е полн со предизвици и како таков треба да го прифатиме. Во соработка со Министерството за здравство ќе ги реализираме проектите кои се дел од мојата програма, а се од исклучително значење за сите граѓани на Куманово и околните шест општини, вели Ивановска.

Таа претходно беше назначена, а после кус период беше разрешена и на нејзиното место беше поставен доктор Фати Џемаили, уролог во болницата. Кумановската јавност бурно реагираше и стравуваше дека регионот останува без единствениот уролог во јавното здравство. Нејзината смена ја потврди и министерот за здравство кој во тој период беше во посета на  Куманово.

Кумановската болница е една од најголемите во државата со преку 700 вработени и пружа здравствена помош за пациентите од североисточниот дел со приближно 180.000 жители.ам/ир

Фото: Архива МИА 

Остани поврзан