Битолчанецот Здравко Стојмиров најдобар актер на Фестивал на монодрама во Поградец
- Битолчанецот Здравко Стојмиров ја освои наградата најдобар актер на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ што се одржа во албанскиот град Поградец.
Битола, 2 јули 2025 (МИА) - Битолчанецот Здравко Стојмиров ја освои наградата најдобар актер на Меѓународниот фестивал на монодрама „АЛБА МОНО“ што се одржа во албанскиот град Поградец.
Меѓународното жири во кое членуваа Азура Де Грегорио, Ана Мариани и Клајди Малелари, го награди Стојмиров за монодрамата „Фетишист“, проект на НУ Народен театар-Битола.
Монодрамата „Фетишист“ неодамна беше изведена и на Интернационалениот фестивал на монодрама во Битола. мт/хс/
Фото: Народен театар Битола