• сабота, 23 ноември 2024

Битолскиот театар ја изведе премиерата на „My name is Medeja“

Битолскиот театар ја изведе премиерата на „My name is Medeja“

Битола, 29 септември 2022 (МИА)Словенечкиот режисер Себастијан Хорват и српскиот драматург Милан Рамшак Марковиќ на сцената на Битолскиот театар поставија претстава за женската моќ, за Медеја, мигрантка од Балканот.

Новиот театарски проект на НУ Народен театар-Битола, кој синоќа премиерно беше изведен на големата сцена „Благој Стефановски – Баге“, со долготраен аплауз беше награден од публиката.

-„My name is Medeja“ e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, нагласи драматургот Рамшак Марковиќ.

Во „My name is MEDEJA” настапија Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Викторија Степановска Јанкуловска, Јулијана Мирчевска Мавровска, Иван Јерчиќ, Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски. мт/мд/

Остани поврзан