• понеделник, 23 декември 2024

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Битола, 5 окотмври 2024 (МИА) - Театарската претстава „Хамлет-денот на убиствата“ работена според пиесата на Бернар -Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, учествува на Интернационален театарски фестивал во Бјалисток, Полска.

Од НУ Народен театар-Битола информираат дека по големиот успех на претставата  „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивалот ИНФАНТ во Нови Сад каде доби престижна награда за најдобра претстава на фестивалот, со големи амбиции учествува и на осмото издание на фестивалот “Direction east” во Полска.

Утревечер на сцената во Бјалисток ќе настапат актерите Никола Стефанов во улога на Хамлет, Иван Јерчиќ, Валентина Грамосли и Викторија Степановска Јанкуловска.

Во претставата се употребени фрагменти од аријата „Nessun Dorma“ од операта „Турандот“ на Ѓакомо Пучини и фрагмент од песната „What was I made for“ од Били Елиш, стихови од Вилијам Шекспир, Оскар Вајлд, Рајнер Марија Рилке, Емили Дикинсон и Борис Пастернак. мт/дма/

Фото: НТБ

Остани поврзан