• среда, 04 февруари 2026

Битолска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“

Битолска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“

Битола, 4 февруари 2026 (МИА) - Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ вечер во НУ Центар за култура ќе приреди битолска премиера.

Од НУ Центар за култура-Битола најавија интерактивна филмска проекција во која веднаш по завршувањето филмот, членови на тимот ќе имаат можност да разговараат со публиката.

-Битолската премиера на „Приказната за Силјан“ ќе се одржи во големата кино сала, а наши гости ќе бидат режисерката Тамара Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски и монтажерот Мартин Иванов кои ќе зборуваат за филмот кој е светски, а наш, македонски, најави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола.

Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на репертоарот во Битола ќе биде до сабота навечер. мт/дма/

 

Фото: НУ Центар за култура Битола

Остани поврзан