Битола живее за спортот: Coca Cola Cup ги „украде“ воздишките
- Над 1.000 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Битола со што се потврди зошто е еден од најголемите спортски центри во Македонија
Битола, 4.јуни 2026 (МИА) – Над 1.000 дечиња беа дел од „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади, што се одржа во Битола со што се потврди зошто е еден од најголемите спортски центри во Македонија.
Во незаборавна атмосфера и фер-плеј игра, младите „симовци“ се натпреваруваа во седум дисциплини: Coca Cola Cup 2011, фудбал 2015, одбојка, баскет 3×3, ракомет, народна и атлетика. Беше навистина интересно и неизвесно, воздишките ги „украде“ Coca Cola Cup. Победата во машка конкуренција ја однесоа „Баирски пионери“, додека во женска конкуренција „Климентовски“.
Во „градот на конзулите“ се одржа вториот спортско едукативен проект „Zero Waste“ чија главна порака е: Бидете дел од играта – да ја заштитиме нашата планета. Победник е „New Stars“ од ООУ „Коле Каниски“, предводен од водачот Александра Здравевска.
„Zero Waste“ е уникатен проект, создаден со долгогодишниот партнер на Плазма Спортските игри за млади, Coca Cola, кој креативно ги едуцира младите луѓе преку игра и спорт, овозможувајќи им полесно и поприродно да усвојат корисни навики и да ги применат во секојдневниот живот. Едукативниот квиз ги охрабрува да размислуваат логично, да пронајдат причини и решенија за проблемите со одржлив развој, додека спортскиот дел е посветен на практично учење за сортирање на отпадот на полигонот СИМ. Со оваа кампања, Coca Cola сака да придонесе за најпозитивно влијание врз животната средина и да понуди решенија за предизвиците поврзани со пакувањето, во согласност со повеќегодишниот проект Свет без отпад.
На отворањето на СИМ беа присутни Оливера Бикова, нашата параолимпијка која освои златен медал на Летните параолимписки игри 2012 во Лондон, Весна Дуномагловска првата македонска олимпијка која настапила на Зимски Олимписки игри и македонскиот ракометен репрезентативец, Иван Галевски. Заедно го донесоа факелот и симболично го означија почетокот на Плазма Спортските игри за млади во Битола.
Караванот „Денот на спортот“ продолжува во понеделник, следен град домаќин на Плазма Спортските игри за млади е Охрид. мн/
Фото: Спортски игри на младите