• петок, 22 ноември 2024

Битиќи: Се надевам ќе се преинаичи одлуката за ИРЛ

Битиќи: Се надевам ќе се преинаичи одлуката за ИРЛ

Скопје, 20 ноември 2023 (МИА) - Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска изјави дека се надева оти судот ќе ја преиначи одлуката за ИРЛ.

Во изјава за медиумите Битиќи рече дека слободата на изразување и слободата на говор, независно во кој сектор е, никој не може да го оспори.

- Прво, сметам дека е фер да не коментирам одлука на судови затоа што тоа е друга власт. Но, како човек кој бил дел од граѓанскиот сектор, сметам дека ограничувањето на слободата на изразување, на било кого е многу сериозно и штетно за понатамошниот развој на општеството. Се надевам дека одлуката на повисокиот орган во судот ќе ја преиначи таа одлука и дека ќе биде само еден лош ден на една судијка која, заради своето убедување, тоа го направила и дека ќе се вратиме во тоа што сите треба да живееме - слободата на изразување, слободата на говор, независно во кој сектор, никој не може да го оспори. Ги охрабрувам не само вашите колеги од ИРЛ, туку и сите други кои работат во граѓанскиот сектор, во медиумите, да продолжат да го прават тоа како што најдобро знаат да го прават, рече Битиќи.

На судската одлука против новинарката Сашка Цветковска и ИРЛ во спорот што го поведе бизнисменот и поранешен вицепремиер Кочо Анѓушев реагираа од Здружението на новинари на Македонија и од Самостојниот синдикат на новинари. Во петокот тие одржаа протест пред Граѓанскиот суд во Скопје.  бд/бак/

Фото и видео: МИА 

Остани поврзан