• недела, 22 декември 2024

Битиќи: Новиот дом на џезерите од Владата доби 11,7 милиони денари, десет милиони се од ТАВ програмата

Битиќи: Новиот дом на џезерите од Владата доби 11,7 милиони денари, десет милиони се од ТАВ програмата

Скопје, 12 септември 2023 (МИА) - Една исклучително радосна вест за новоформираната национална установа Џез оркестар, која освен што доби трајна адреса од страна на Владата во Националната опера и билет, добива и финансиски средства за соодветно реновирање на просториите. Новиот дом на џезерите, куќата на џезерите, доби од Владата 11,7 милиони денари, од кои десет милиони се средства од ТАВ програмата, информираше денеска на прес-конференција заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

- Со ова создаваме модерен амбиент, каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Северна Македонија ќе ја поставиме на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика, подвлече Битиќи.

Тој најави реализација на уште неколку други проекти. Како што кажа, ќе се реши проблематична точка во Старата скопска чаршија, зона што ги спојува двете фреквентни целини, чаршијата и Бит пазар, кај улицата „Покриена чаршија“ и улицата „Кирил Пејчиновиќ“, која, како што појасни, долго време функционира како тесно грло, „создавајќи потешкотии за минувачите и непријатно добредојде за посетителите“.

- Сега таа слика ќе се промени и ќе биде позитивно искуство за сите наши граѓани, но и туристи кои одат во чаршијата, бидејќи таа нуди единствено искуство на традицијата и на градот, нагласи Битиќи.

Тој информираше дека ќе помогнат и за доградба на спортската сала во село Јаболчиште во општина Чашка. Владините инфраструктурни проекти, додаде, преку ТАВ програмата, имале значајна улога во развојот на нашите населени места. Битиќи потсети на некои од таквите проекти.

Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска соопшти дека Министерството обезбедило изработка на основен проект за реновирање и уредување на просторот и за санација на инсталациите на подрумските простории во зградата на Националната опера и балет.

- Просторот е со површина од 475 квадратни метри и со проектот се предвидува уредување на простор за проби и за режија, мало студио, простор за чување инструменти и ноти, машки и женски гримиорни, тоалети и три канцелариски простори. Проектот предвидува и простории за машинска опрема и електрични инсталации, рече министерката меѓу другото. бд/ац/

Фото: Принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан