• четврток, 19 декември 2024

Битиќи - Агелер: Неопходно е државата да го задржи европскиот стратешки правец

Битиќи - Агелер: Неопходно е државата да го задржи европскиот стратешки правец

Скопје, 13 октомври 2023 (МИА) - Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и амбасадорката на САД, Анџела Агелер, денеска оствариле средба со претставници на Евро–Атлантскиот Совет на Северна Македонија.

 - Полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, обезбеди сигурност и стабилност, кои се основните предуслови за економски раст и развој на земјата, притоа овозможувајќи предвидлив амбиент за трговија и инвестиции, било заеднички констатирано на средбата, стои во соопштението од владината прес-служба.  

Во контекст на евроинтегративните процеси на земјата заеднички било оценето и дека членството во НАТО игра клучна улога, покажувајќи посветеност на земјата кон демократските вредности, стабилноста и меѓународната соработка, што е од суштинско значење за полноправното членство во ЕУ.

- Се афирмираше и ставот дека е неопходно Северна Македонија да го задржи европскиот  стратешки правец, како единствен кој промовира мир и води кон просперитет на целокупното општеството, соопшти владината прес-служба. цр/аа/

Фото:Влада на РСМ

Остани поврзан