• понеделник, 23 декември 2024

Бислимовски: Мора да се штеди, треба да сме подготвени на сè

Бислимовски: Мора да се штеди, треба да сме подготвени на сè
Скопје, 14 септември 2022 (МИА) - Доаѓа сериозно тежок период и сите ќе мора да штедиме, порача Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика во гостување во Студио 10 на ТВ 24. - Гледам дека во јавноста кога се пренесува веста дека во одредени земји препорачуваат да се тушираат кратко - ние се шегуваме, но верувајте, ѓаволот ја однесе шегата. Мора да се штеди. Состојбата е тешка, ќе има проблеми во Европа, ние треба да сме подготвени на сè. Мора да се мобилизираат сите ресурси. Франција од извозно ориентирана земја стана увозно зависна на електрична енергија затоа што затвори нуклеарни централи, рече Бислимоски. Причина за повисоките сметки, како што посочи, е покривање на загубите поради цената на струјата. - Граѓаните забележуваат дека кај некои мрежарината е повисока отколку потрошувачката. ЕВН Хоум откупува струја од ЕСМ и факт е дека таа цена е субвенционирана од државата и е 48 евра за мегават час. Тоа е првиот дел од сметката. Вториот дел кој е повисок е мрежарината. Тоа е пренос, оперативни трошоци, покривање загуби во мрежата и амортизација. Загубите до годинава беа околу 30 отсто. Годинава ЕСМ ги продава загубите за 143 евра или околу 10 денари по киловат, а претходно биле околу 3 до 3,5 денари. Причина за качување на сметките е покривањето на загубите поради цената на струјата. Во останатиот дел РКЕ ги држи цените. Ако ЕСМ понудел цена од 56 евра, тогаш мрежарината би била пониска за околу 40 отсто отколку сега. ЕСМ се јави на тендер со 143 евра, појасни Бислимовски. лв/нд/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан