• вторник, 17 декември 2024

Бислимовски: Со граѓанските иницијативи може да се разговара за таргетирање на ранливите групи при плаќање на сметките за струја

Бислимовски: Со граѓанските иницијативи може да се разговара за таргетирање на ранливите групи при плаќање на сметките за струја
Тетово, 23 септември 2020 (МИА) - Граѓаните да ја користат можноста за само-отчитување на броилата со цел да плаќаат реална цена на електричната енергија, истакна Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на дебатата во емисијата „Уметност на финансиите“ на ТВ Клан во Тетово. Тој дебатираше со инженерот и професор Илјаз Илјаз и Кренар Османи, претставник на Иницијативата „Доста е“м која организира јавни протести против зголемената цена на електричната енергија. На забелешките од Иницијативата дека во време на пандемија и на лето има нереално високи цени кои достигнуваат и до 300 евра, на што Бислимовски потсети дека граѓаните можат да поднесат и претставки до РКЕ. - Им укажавме на ЕВН дека не смеат предвреме да се финансираат со пари од граѓаните поради паушалните сметки и се заканивме со одземање на лиценца. Дури и мене лично ми стигна сметка од 16 илјади денари и морав да се јавам за да се им ја кажам реалната состојба на броилото. Така и граѓаните да прават, состојбата од броилата да ја праќаат по електронска пошта или по телефон до ЕВН.  За секоја претставка до РКЕ од граѓаните за фактурите на ЕВН за 24 часа веднаш се реагира и 95 отсто од тие сметки се сменети, истакна Марко Бислимовски. Професорот Илјази истака дека потребна е поголема контрола во определување на цената на струјата бидејќи секторот користи ресурси кои биле во сопственост на државата. - Има потреба ова тело повеќе да ги чува граѓаните, пример како во Англија со омбудсман и да се води грижа за губењето на електричната енергија, рече Илјази. Бислимовски нагласи дека иако дистрибутивната компанија доставува податоци за загуби од 14,2 отсто, РКЕ како трошок признава 12,6 проценти. - Тие загуби во време на Југославија биле 11 отсто, рече Бислимоски. Претседателот на РКЕ порача дека процентот на зафаќање на сметките од 9,07 проценти е намалена на 7,37 отсто, како и дека има постојано процентуалното намалување на цената за едно домаќинство од 2006 до 2020 година. - На сите тие категории на граѓани од ранливите категории јас сум за соработка со граѓанските иницијативи да се разговара и да се најде начин за помош при плаќањето, истакна Бислимовски за барањата на иницијативниот одбор за намалување на цената на електричната енергија. Според првиот човек на РКЕ, енергетските компании сите средства ги вложуваат во нови капацитети, како што е нова 110 киловолтна трафостаница за дебарскиот регион каде постојано има проблеми со снабдувањето како и поврзување на Северна Македонија и Албанија со заедничка енергетска врска со крајна цел Италија, како најскап пазар за продавање на струја. ас/сп/

Остани поврзан