Бискупот Стојанов го прими претседателот на хрватскиот Сабор, Јандроковиќ
- Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов денеска во бискупската резиденција на Водно го прими претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, придружуван од членови на неговиот кабинет и хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ. На средбата бискупот Стојанов го придружуваа Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас, Марјан Ристов – бискупски канцелар, Гоце Костов, директор на Радио Марија и Томислав Микулец.

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов денеска во бискупската резиденција на Водно го прими претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, придружуван од членови на неговиот кабинет и хрватската амбасадорка, Нивес Тигањ. На средбата бискупот Стојанов го придружуваа Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас, Марјан Ристов – бискупски канцелар, Гоце Костов, директор на Радио Марија и Томислав Микулец.
На средбата бискупот Стојанов го запозна претседателот на хрватскиот Сабор со животот на Католичката црква во земјава, ангажирањето на хуманитарното поле, мирот и соживотот. Епископот Стојанов ги нагласи исклучително добрите односи и соработка со Црквата во Хрватска. Исто така ја истакна и добрата соработката на Католичката црква во земјава со хрватските власти, Амбасадата на Хрватска во Скопје, Централната државна канцеларија за Хрватите надвор од Република Хрватска, како и со повеќе здруженија на Хрвати во државава.
Во рамки на посетата на земјава, покрај официјалните средби со државните власти, Јандроковиќ ја посети катедралата „Пресвето Срце Исусово“-Скопје, каде се сретна со патер Винко Маслаќ и патер Томислав Рукавина, а воедно ја посети и Спомен куќата Мајка Тереза. За време на престојот во Скопје претседателот на хрватскиот Сабор се сретна и со членови на Хрватската заедница во земјава.вј/дма/
Фото: Скопска бискупија