• недела, 22 декември 2024

Биното пред отказ во Ферари

Биното пред отказ во Ферари
Биното пред отказ во Ферари Маранело, 15 јули 2020 (МИА) - Директорот на Формула 1 тимот Ферари, Матија Биното може наскоро да биде отпуштен, пренесува „Кориере дела Сера“. Според изворот, специјалистот ја исцрпил довербата кај претседателот и извршниот директор на италијанската компанија по неуспешниот почеток на сезоната 2020 во Ф1 шампионатот. Се шпекулира дека одлуката за разрешување на Биното може да биде донесена во наредните недели. Главен претендент за наследник на Биното во Ферари е Антонело Колета, кој го предводи тимот на трките во класата ГТ. зс/

Остани поврзан