• понеделник, 23 декември 2024

Билиќ казнет со осум илјади фунти

Билиќ казнет со осум илјади фунти
Вест Бром, 23 септември 2020 (МИА) - Менаџерот на Вест Бромвич, Славен Билиќ е казнет со 8.000 фунти за спор со судијата на натпреварот помеѓу неговиот тим и Евертон. Хрватскиот стручњак беше отстранет од трибините по спорот со судијата Мајк Дин за време на паузата на натпреварот помеѓу ВБА и „карамелите“ минатата недела. Билиќ го оспори црвениот картон на Киеран Гибс, покажан за неспортско однесување против Хамес Родригез. На „Гудисон Парк“, Евертон го победи Вест Бромвич со 5-2.

Тагови

Остани поврзан