Билатерална средба помеѓу претставници на АВМУ и НКМ
- На средбата, како што соопшти АВМУ, се разговарало за повеќе прашања, со акцент на практичните искуства и активности поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива за медиуми со европската и спроведувањето на обврските кои произлегуваат од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги.
Скопје, 20 февруари 2024 (МИА) – Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Независната комисија за медиуми на Република Косово (НКМ) денеска во просториите на АВМУ одржале билатерална средба.
На средбата, како што соопшти АВМУ, се разговарало за повеќе прашања, со акцент на практичните искуства и активности поврзани со хармонизацијата на домашната регулатива за медиуми со европската и спроведувањето на обврските кои произлегуваат од ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги.
Од АВМУ информираат дека посебно внимание било посветено на искуствата во поглед на начинот на реализација на мониторингот на медиумските содржини за време на изборни процеси.
На крајот од средбата, претставниците на двете регулаторни тела констатирале дека меѓусебната соработката треба да продолжи и понатаму во насока на размена на информации во областа на медиумската регулација за прашања кои се од заеднички интерес на двете страни. дма/лв/
Фото: АВМУ