Биланс од војната: Во Израел 11 загинати, во Иран бројот на жртвите надмина 1.200
- Повеќе од 1.600 лица се лекувани во болниците во Израел од почетокот на војната со Иран, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.
Тел Авив, 6 март 2026 (МИА) – Повеќе од 1.600 лица се лекувани во болниците во Израел од почетокот на војната со Иран, соопшти денеска израелското Министерство за здравство.
Според официјалните податоци, билансот вклучува лица ранети во ракетни напади, граѓани кои се повредиле додека итно се упатувале кон засолништата, како и поединци на кои им била укажана помош поради силна вознемиреност и шок.
Само во изминатите 24 часа, по ракетните истрели во болниците биле примени 140 лица, од кои едно е со тешки телесни повреди, прецизираат од Министерството.
Од почетокот на воените дејствија минатата сабота, во Израел загинаа вкупно 11 лица.
Истовремено, иранските медиуми, повикувајќи се на државна фондација, јавуваат дека во Иран од саботата досега животот го загубиле повеќе од 1.200 луѓе. Иранските напади во државите од Персискиот Залив, исто така, предизвикаа неколку смртни случаи. ссм/ми/
фото: ДПА