• вторник, 24 декември 2024

Билал Касами од Горна Чаршија: Паркингот во Тетово ќе биде бесплатен

Билал Касами од Горна Чаршија: Паркингот во Тетово ќе биде бесплатен
Тетово, 5 октомври 2021 (МИА) - Лидерот на Движењето Беса и кандидат за градоначалник на Општина Тетово, Билал Касами ја претстави програмата „За нашата општина“ на митинг кој се одржа во тетовската населба Горна Чаршија. Тој се осврна на состојбата со недоволно паркинг места и решенијата за овој проблем во градот. -Тетово се соочува со недостиг на паркинзи, но секој стан и куќа во иднина ќе има соодветен паркинг. Во Тетово ќе се градат и паркинзи на катови. Се додека овој проблем не се реши целосно, паркинзите во Тетово ќе бидат бесплатни, истакна на митингот Билал Касами. Освен во централното подрачје каде би се граделе катни паркинзи, во останатите делови од Тетово според Касами би имало паркинзи со монтажен систем.ас/см/

Остани поврзан