• петок, 05 декември 2025

Биелса може да ја напушти репрезентацијата на Уругвај

Биелса може да ја напушти репрезентацијата на Уругвај

Монтевидео, 20 ноември 2025 (МИА) - Селекторот на репрезентацијата на Уругвај, Марсело Биелса, може наскоро да ја напушти својата функција, објавија тамошните медиуми.

Седумдесетгодишниот Аргентинец ќе се сретне со раководството на Уругвајската фудбалска асоцијација (AUF) за да разговара за неговата иднина.

Во AUF не се сигурен дали искусниот фудбалски стручњак ќе остане на селекторската функција.

Уругвај освои 28 бода во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, завршувајќи на четвртото место. Тие се пласираа на Светското првенство, кое ќе се одржи следното лето во САД, Мексико и Канада. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан