• понеделник, 23 декември 2024

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера

БИБЛ му се заблагодари на Милојевиќ кој ја заврши судиската кариера
Скопје, 30 април 2021 (МИА) – Раководството на кошаркарската лига – БИБЛ со специјален подарок му се заблагодари на македонскиот судија Александар Милојевиќ за придонесот кој го имаше во ова натпреварување. Милојевиќ синоќа за последен пат во кариерата ја делеше правдата, а тоа се случи на финалето на Балканската лига, помеѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс. Победи Хапоел Холон со 91:75 и го освои трофејот. По мечот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата, Шај Штрикс. - Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Вечерашното финале беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат најдобро во иднина во неговите активности и во светот на кошарката, објави БИБЛ на својата официјална страница. Александар Милојевиќ пред еден месец беше избран за Комесар за натпреварување во македонските сениорски лиги. зс/

Остани поврзан